Презентација на опрема за Службата за спасување на планина
Во рамките на проектот на Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Охрид -„Регионот Охридско Езеро – безбедна туристичка дестинација за авантуристички туризам“, кој се реализира со грант од Европската Унија , на 24.07.2018 г. се презентираше најсовремена опрема наменета за потребите на Службата за спасување на планина и непристапни терени, која што е неопходна за подигнување на нивото на безбедноста на туристите и локалното население како и за дополнително развивање на регионот како туристичка дестинација. За потребите на службата обезбедени се и две теренски возила со кои ќе се интервенира и кои ја имаат неопходната опрема за укажување прва помош на повредени лица.
Службата за спасување на планина ќе претставува посебен сегмент во рамки на Општинска организација Охрид, а во рамки на проектот, предвидено е опремување и обука на спасувачи на вода во Поградец, Р. Албанија, со што во прв момент, на еднакво ниво ќе биде подигната безбедноста на вода од двете страни на границата