февруари 24, 2019

Презентација на опрема за безбедност на вода

Во рамки на проектот „Регионот Охридското езеро-безбедна дестинација за авантуристички туризам“ кој е финансиран од Европската Унија, ИПА 2 програма за прекугранична соработка, а го спроведува Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид, на ден 23.02.2019 г. во Поградец, Албанија во присуство на Евроамбасадорот во Албанија Г-дин Luigi Soreca, претставници на Владата на Р.Албанија, Градоначалникот на Поградец, претставници на Федерацијата за спасување на вода од Албанија, претставници на Националниот центар за животна средина, туризам и одржлив развој од Албанија како партнер на проектот и секако членовите на Спасителната служба на Општинска организација Охрид, беше презентирана дел од опремата за безбедност на вода набавена во рамки на проектот и наменета за албанската страна, со цел воспоставување на безбедни услови за капење, спорт и рекреација на Охридското езеро од албанска страна според меѓународни стандарди. Во таа насока беа претставени и новите 20 спасители на вода обучени во Албанија и се најави обука на уште 20 спасители на вода во месец јуни, кои овогодинешната летна сезона ќе се грижат за безбедноста на посетителите на албанските капалишта на Охридското езеро. Од страна на координаторите на проектот присутните беа запознаени со досега реализираните активности во рамки на проектот, а се потенцира неопходната потреба од продлабочување и проширување на прекуграничната соработка во делот на безбедност на вода и безбедност на планина, за што поддршка најави и претставникот на Делегацијата на Европската Унија во Албанија.

< врати се назад