ноември 17, 2026

Превенција од болести на зависност во ООУ „Братство Единство“

Како дел од Годишната програма за работа на училиштето, се реализираше едукативно предавање на тема „Превенција од болести на зависност“, во соработка со СВР – Отсек за превенција и Црвен крст Охрид.

Со предавањето беа опфатени учениците од VIII и IX одделение, на трите наставни јазици.

Преку оваа активност се придонесува кон подигнување на свеста кај младите за штетните последици од зависностите и важноста на здравите животни навики.

< врати се назад