
Превенирај – Реагирај – Спаси
Ние сме подготвени за летниот туристички бран! Следете ги препораките на спасителите на вода и придонесете за безбедно лето. Бидете хидрирани, престојувајте под сенка, влегувајте во водата постепено, не консумирајте алкохол пред или за време на капење и не скокајте на места што не се наменети за скокање. Не се капете сами – секогаш капете се во друштво или на плажа каде што има спасител на вода.
Запомнете, спасителот на вода е тука за безбедноста на сите капачи, а не за да ги чува вашите деца. Не ги оставајте децата без надзор, ниту за момент, дури и кога спасителот е на своето работно место.
Не извикувајте „Помош!“ без вистинска потреба. Овој повик користете го само во итни ситуации кога навистина ви е потребна помош, бидејќи секој лажен повик може да го одвлече вниманието на спасителот од лице кое е во реална животна опасност.
Почитувајте ги упатствата и знамињата на спасителите на вода. Вашата безбедност започнува со вашата одговорност. Уживајте во летото безбедно и одговорно!







