јули 12, 2023
Превенција од топлотен бран
Во овој летен период со високи температури, важно е нашите граѓани да се информирани за тоа како да се заштитат од топлотниот бран.
– За таа цел младите волонтери од Клуб на Млади на Црвен крст Охрид делеа флаери со совети за превенција од топлотен бран и шише вода.
– Вниманието најмногу го насочија кон повозрасните лица и хронично болните кои се во поголем ризик во ова топло време на кои, покрај тоа што им беа дадени препораки за заштита од топлото време, им беше и измерен крвниот притисок.
За време на најтоплиот период од денот (од 10 ч. до 17 ч.):
– избегнувајте напорни физички активности на сонце
– постојано внесувајте течности
– избегнувајте мрсна калорична храна
– носете светла лесна облека и заштитни очила и капа
Продолжуваме и наредните денови со активности за превенција од топлотен бран.