
ПРЕМИЕРА НА НОВИОТ ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ ЗА НИКОЛА ТЕСЛА
По повод 10 јули, 169 години од раѓањето на големиот визионер и научник, Никола Тесла (род. 10.07.1856), Црвен крст Охрид во партнерство и соработка со организацијата Canadians for Children at Health Risk, од Торонто, Канада, организира премиерно прикажување на нов документарен филм за Никола Тесла со наслов „ЕЛЕКТРИЧЕН ГРАД НИКОЛА ТЕСЛА ВО КАНАДА“ чија светска премиера се одржа минаттиот месец во Торонто, Канада.
Снимањето на овој документарен филм во режија на Максим Кравчински и Анатоли Матешко е финансиран од Канада Филм Медиа, а благодарение на повеќе годишната успешна соработка на Црвен крст Охрид со организацијата CCHR од Торонто, Канада, образовната корпорација Никола Тесла од Торонто го отстапи правото за премиерно прикажување на овој документарен филм, во Охрид и Македонија, на Црвен крст Охрид.
Овој инспиративен филм ја открива приказната за „доаѓањето“ на хидроцентралите во Хамилтон, Онтарио, Канада и како тоа го редефинира градот и нацијата. Изумите на Никола Тесла се секаде околу нас и актуелни еден век подоцна.
Премирното прикажување на новиот документарен филм во Македонија ќе биде прикажан воочи роденденот на Никола Тесла, во среда, на 9 јули 2025 г., во просториите на Црвен крт Охрид со почеток во 20:30 часот, а филмот преку линковско поврзување ќе можат да го гледаат и членови и волонтери од сите општински организации на Црвен крст во Македонија, како и организациите на Црвен крст од земјите во регионот со кои Црвен крст Охрид има активна соработка.
Филмот трае 48 минути и е погоден за деца и возрасни.
Влезот за сите заинтересирани е слободен.
