
Предновогодишна средба на деца од Бреинобреин програма
Центарот за развивање на животни вештини Бреинобреин-Општинска организација Охрид Охрид, традиционално, крајот на годината го обележува со предновогодишна средба на сите деца кои ја посетуваат Бреинобреин програмата во овој центар. Тоа е можност децата од сите групи и нивоа на БОБ програмата, но и оние кои ја завршиле оваа програма, да се дружат и забавуваат, а воедно и да ги разменат своите искуства и впечатоци од настапите на државниот и меѓународните Бреинобреин натпревари во 2018 година. На средбата која се одржа на 24ти декември сите деца си разменија меѓу себе новогодишни подароци, а подароци добија и од тренерите од БОБ од Општинска организација Охрид.
Оваа средба беше повод да се промовира и петтата генерација на деца кои успешно ги завршија сите 10 нивоа од интернационална едукативна Бреинобреин програма и се стекнаа со меѓународно призната диплома.
Бреинобреин програмата во Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид, како прв франшизен центар на Балканот, започна да се имплементира во 2010 година и неа за 8 години ја следеле повеќе од 500 ученици на возраст од 4-14 години. Оваа програма преку проверени и признати едукативни техники базирани на Неуро лингвистичко програмирање (НЛП) и Абакус ментална аритметика го поттикнува мозочниот потенцијал кај деца од 4-14 годишна возраст и ја развива нивната концентрација, визуелизација, меморија, креативност, самодоверба.