април 17, 2023

ПРЕДИЗВИЦИ НА СОЛИДАРНОСТА

Секоја година Црвен крст традиционално ја одбележува Неделата на солидарност. Оваа година се одбележува од 17 до 23 април и по тој повод нашиот Клуб по втор пат го организира НАТПРЕВАРОТ НА ХУМАНОСТА.
За да учествувате на истиот треба да формирате екипа од тројца и да ги извршите во текот на наредната недела предизвиците на солидарноста кои ќе ви бидат дадени, и секако да снимате reel за да покажете што сте направиле.
За најдобрите три екипи ќе има награди, додека екипата која ќе биде одбрана за најдобра ќе биде загарантирано учесник на следната партнерска активност.
За да се пријавите пратете порака кај некој од раководството на Клубот или на овој профил.
Имајте убав ден и среќни празници.
 
< врати се назад