јануари 10, 2023
Празнична посета на корисници на програмата „Најди време”
По повод новогодишните и божикните празници, волонтери на Црвен крст Охрид коишто учествуваат во организирањето и во спроведувањето на програмата за грижа за стари лица „Најди време“, денес (10.01.2023) посетија корисници на оваа програма.
Покрај тоа што им ги честитаа празниците и им посакаа здравје и среќа, волонтерите ги израдуваа посетените корисници на програмата „Најди време“ со пригодни подароци.