
Потрага по исчезнато лице
На 14–15.09.2026 година, екипите на ЦБВ излегоа на терен како поддршка на Езерската полиција во потрага по исчезнато лице кое последно било забележано во водите на Охридското Езеро.
Екипата на ЦБВ пристигна на локацијата во точно 20:15 часот и започна со ноќно пребарување на теренот. По спроведувањето на сите можни методи за пребарување во вода во ноќни услови, екипата се повлече во 23:00 часот.
Рано наутро на 15 септември, екипата со моторен чамец и спасувачка санка се врати на местото и, заедно со Езерската полиција, изврши дневно пребарување во плиткиот крајбрежен дел од 06:00 до 14:00 часот. Подоцна, во 17:00 часот, со спасувачки чамец беше извршено и сонарно пребарување на дното на Охридското Езеро.
И понатаму остануваме на располагање на Езерската полиција со сиот наш капацитет од опрема и човечки ресурси.
https://www.facebook.com/profile.php?id=61586657623592













