
Потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Црвен крст Охрид и Црвен крст Моор ог Ромсдал – Møre og Romsdal Røde Kors, Норвешка
Во периодот од 19 до 22 септември 2025 година, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид беше домаќин на осум претставници од Црвен крст Моор ог Ромсдал – Møre og Romsdal Røde Kors, Норвешка, меѓу кои и претставник од националното друштво на Црвен крст Норвешка.
Целта на посетата беше запознавање активностите и програмите на двете организации, размена на искуства, согледување на добри практики, како и дефинирање на приоритетни области за понатамошна соработка.
Официјалниот дел на посетата беше одржан на 20 септември 2025 година, кога во просториите на општинската организација на Црвен крст Охрид беше свечено потпишан Меморандум за соработка. Документот го потпишаа Претседателот на Црвен крст Моор ог Ромсдал –Møre og Romsdal Røde Kors, г-дин Øystein Valde и Претседателот на Црвен крст Охрид, г-дин Сашо Точков.
Со потпишувањето на овој меморандум, официјално започна и твининг програмата за соработка помеѓу двете организации, и истата ќе овозможи заеднички активности во следните области:
• Младински активизам;
• Волонтерски менаџмент;
• Ментално здравје;
• Подготвеност за дејствување во итни ситуации и кризи;
• Спасување на вода и планина;
• Прва помош;
• Социјални услуги;
Посетата беше реализирана во позитивна и конструктивна атмосфера, и претставува значаен чекор во унапредувањето на меѓународната соработка на локално ниво и национално ниво.


