декември 25, 2023

ПОСЛЕДИЦИ ОД КОРИСТЕЊЕ НА ПЕТАРДИ

Во пресрет на новогодишните празници, волонтерите од Црвен крст Охрид во соработка со СВР Охрид спроведоја акција за зголемување на свесноста кај населението за последиците од користењето на петарди и други пиротехнички средства.
Волонтери од тимот за прва помош и тимот на шминкери за реално прикажување на повреди имаа можност да ги покажат своите знаења преку изведување на симулација на ампутирани прсти и изгореници како резултат од користењето на петарди заедно со волонтерите од Клубот на млади.
Показната вежба во склоп со предавањето на СВР Охрид за штетните ефекти на овие предмети се одржа на ден 24.12.2023 во центарот на градот Охрид.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад