декември 28, 2022

ПОСЛЕДИЦИ ОД КОРИСТЕЊЕ НА ПЕТАРДИ

И оваа недела волонтерите од Црвен крст Охрид во соработка со СВР Охрид продолжија со спроведување акции за зголемување на свесноста кај населението за последиците од користењето на петарди и други пиротехнички средства.
 
Новообучените волонтери од тимот за прва помош и тимот на шминкери за реално прикажување на повреди преку изведување на симулација на ампутирани прсти и изгореници ги прикажаа на основците можните последици од неправилното користење на овие средства за престојните новогодишни празници заедно со волонтерите од Клубот на млади.
 
Дополнително беа опфатени учениците од основните училишта “Христо Узунов ” и ” Григор Прличев “.
 
< врати се назад