април 29, 2026

Посета на Центарот за дневен престој со активно стареење

Волонтерите од Програмата за грижа за стари лица „Најди време“ при Црвен крст Охрид, која е насочена кон унапредување и зголемување на грижата за повозрасните лица, ја посетија просторијата на Центарот за дневен престој со активно стареење во Охрид, кој е во завршна фаза пред отпочнување со работа.

Како едни од иницијаторите за отворање на ваков центар на територијата на Општина Охрид, со големо задоволство го следиме неговото реализирање. Веруваме дека центарот ќе стане значајно место за социјализација, поддршка и активно учество на старите лица во секојдневниот живот на заедницата.

Остануваме посветени на нашата мисија – да обезбедиме повеќе грижа, внимание и достоинствено стареење за сите.

< врати се назад