август 10, 2023

Помош за настраданото население погодено од катастрофалните поплави во Словенија

Катастрофалните поплави предизвикани од силното невреме, кое во изминатите денови ја погоди Словенија, на жал предизвика големи материјални штети и човечки загуби. Илјадници луѓе се евакуирани од своите домови ширум Словенија.
Црвениот крст веднаш стапи во комуникација со Црвениот крст на Словенија и согласно нивната проценка, понудена им е првична помош. Од своите резерви, Црвениот крст на РСМ издвои средства во висина од 5.000 евра, понудени се и волонтери, тимови за соодветна интервенција и во зависност од потребите веднаш ќе бидат ставени во функција.
Црвениот крст испрати Соопштение до средствата за јавно информирање во кое сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на:
– Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданото население во Словенија.
– како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.
– За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228
 
 
 
 
 
 
< врати се назад