октомври 28, 2026

Помислете и на нас

Под мотото „Помислете и на нас“, од 16 до 22 октомври, Тамаро маркетите во соработка со Црвениот крст Охрид беа дел од хуманитарната акција по повод Неделата на борба против гладот.

Благодарение на поставените корпи за донации во нашите маркети, хуманоста доби вистинска вредност – помош во храна и намирници за социјално ранливите семејства.

Со овој пост сакаме да изразиме искрена благодарност до сите хумани луѓе и потрошувачи на Тамаро кои донираа! Вашата добрина е доказ дека заедно можеме да направиме вистинска разлика.

Хуманоста е нашата одговорност, а грижата за заедницата – нашата мисија. И ние како маркет, помагајќи ги ваквите акции секогаш веруваме во подавањето рака таму каде што поддршката е најпотребна!

Затоа што хуманоста започнува со секој од нас!

< врати се назад