
јуни 8, 2025
ПОЛАГАЊЕ ПО ПРВА ПОМОШ
На ден 4.6.2025 во дворот на Црвен Крст Охрид се одржа практичниот тест за учесниците на обуката за основна Прва Помош.
Околу 15 учесници кои ја завршија обуката по Прва Помош имаа прилика своите знаења да ги покажат на практичниот тест, кој се состоеше од три различни повреди.
Со овој тест, комплетирана е обуката за основна Прва Помош, наменета за волонтерите на Клубот на млади при Црвен Крст Охрид. Сите млади кои успешно ја завршија обуката, во наредниот период ќе им бидат доделени сертификати за успешно завршена обука и ќе станат дел од тимот за Прва Помош во Црвен Крст Охрид.
#ЦрвенКрст#ЦКмлади#прватапомошспасуваживот




