октомври 9, 2025

ПОКАЗНА ВЕЖБА ЗА ЗАШТИТА, СПАСУВАЊЕ И ЕВАКУАЦИЈА ПРИ СЛУЧЕНА ЕЛЕМЕНТАРНА НЕПОГОДА

Професионалност, координираност и ефикасност во делувањето покажаа тимовите на Територијалната противпожарна единица Охрид, Секторот за внатрешни работи Охрид и тимовите за прва помош, реалистички приказ на повреди и психолошка прва помош на Црвен крст беа вклучени во организација и реализацијата на показната вежба за заштита, спасување и евакуација при случена елементарна непогода, која се одржа денес во компанијата LTH Learnica.

Висока одговорност и присебност манифестираа менаџментот и вработените во компанијата LTH Learnica во делувањето при вакви несреќи и евакуацијата од зградата на компанијата.

Деновиве стручните тимови на надлежните институции ќе извршат евалуација на самата показна вежба каде ќе се евидентираат и истакнат добрите страни и евентуалните слабости, со цел надминување на истите.

Изразуваме голема благодарност до сите институции инволвирани во оваа вежба, ја истакнуваме високата општествена одговорност и професионалност на менаџментот и вработените во компанијата LTH Learnica и ги охрабруваме сите правни субјекти, сериозно да пристапуваат и ги применуваат чекорите за превенција и постапките за делување и одговор во случај на елементарни непогоди и катастрофи, во своите компании, институции, фирми.

#ЦрвенКрст

< врати се назад