ПОКАЗНА ВЕЖБА
Тимовите на Црвен крст Охрид денес реализираа показна вежба за учесниците на Школата за безбедност 2024 што во организација на Канцеларијата на Фондацијата Конрад-Аденауер во Скопје, Центарот за Европски Студии Wilfried Martens во Брисел и Филозофскиот факултет при УКИМ, Скопје.
Темата на показната вежба беше симулација на безбедносни ризици во мигрантски камп и приказ на сите потребни позиции и процедури кои треба да се воспостават при прифат на мигранти. Во вежбата учествуваа и дел од студентите кои учествуваа во Школата за безбедност 2024 во Охрид.
Тимовите на Црвен крст Охрид за прва помош, за психолошка прва помош и психо-социјална поддршка како и логистичките тимови и овој пат беа на висина на својата задача за реално прикажување на безбедносните предизвици со кои се соочуваат при работа со мигранти, за што беа високо оценети од страна на менторите и учесниците на Школата за безбедност 2024.