август 27, 2024

Подвиг на Јане Петков

Јане Петков, „човекот амфибија“ од Сандански, Бугарија, со силината на мислата и на волјата, со посебни техники на дишење, за нецели 3 минути успеа да се ослободи со „лисиците“ и од вреќата во која беше врзан, од дното на Охридското езеро кај плажата Сарајште.

Бројните присутни охриѓани и гости не го криеја своето воодушевување од подвигот на 70-годишниот Јане.

Овој необичен и атрактивен настан кој се реализира во рамки на Охридскиот Фестивал на Вода 2024, е во организација на Црвен крст Охрид со поддршка на Клубот за спортови на вода Охридски бранови 2008 и Нуркачкиот центар Акватек од Охрид.

Јане Петков како вљубеник во Охрид кој е негов втор дом, како што самиот вели, подготвува посебно изненадување и атракција за следниот Ohrid Water Festival 2025 г.

< врати се назад