
„Подигање на свеста за менталното здравје и активното стареење“
По барање на Здружението на пензионери на општините Охрид и Дебарца, беше одржано предавање по повод Меѓународниот ден на старите лица (1 октомври) и Светскиот ден на менталното здравје (10 октомври).
Предавањето опфати две теми: „Ментално здравје кај старите лица“ и „Состојбата на старите лица во светот, Македонија, Охрид и Дебарца“.
Настанот беше наменет за членови на здружението и имаше за цел да ја подигне свеста за важноста на менталното здравје и активното стареење.
Присуствуваа околу дваесетина пензионери, кои со голем интерес ги следеа излагањата и отворија плодна дискусија за предизвиците со кои се соочуваат постарите лица во секојдневниот живот, како и за можните начини на подобрување на нивниот психосоцијален статус.
Настанот заврши со заклучок дека е потребно почесто организирање вакви едукативни средби за поддршка на менталното здравје и благосостојбата на старите лица.










