
ПОЧНУВААТ УПИСИТЕ ЗА ПРОГРАМАТА БРЕИНОБРЕИН
Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН – Црвен крст Охрид започнува со уписи на нови деца од 4 до 14-годишна возраст заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.
Ги покануваме родителите со своите деца да се уверат во уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини имплементирани од високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните стандарди на оваа програма, кои ќе помогнат децата да достигнат развој и целосно искористување на мозочниот потенцијал и да бидат способни да ги користат двете хемисфери на мозокот, подеднакво и ефикасно.
Сите заинтересирани можат да се информираат и пријават на телефоните 046 261 909 или 078 227 433, на е-маилот ohrid@redcross.org.mk или во просториите на Црвен крст Охрид, започнувајќи од денес, 27.08.2026 г., секој работен ден од 9 до 15 ч., а детални информации за оваа програма, заинтересираните ќе можат да добијат на отворениот ден за БОБ програмата кој ќе се реализира на 11.09.2026 г. (петок) од 17:00 до 19:00 ч. во просториите на Црвен крст Охрид.
Центарот Бреинобреин – Црвен крст Охрид е првиот франшизен центар на Балканот кој Бреинобреин програмата ја имплементира од 2010 година. За успешноста на нашиот БОБ – Црвен крст Охрид центар говорат бројните трофеи и медаљи на учениците и тренерите, освоени на државните натпревари, како и на бројни меѓународни натпревари





