април 13, 2023
ПХВ ЗАЕДНИЧКИ СОСТАНОК
На ден 06.04.2023 во просториите на Црвен крст Охрид се одржа третиот заеднички состанок за сите овогодишни ПХВ младинци.
На истиот се дискутираше моменталната состојба на проектите на младинците, беа споделени совети меѓу групите, и беа дадени насоки за понатамошната работа.
Најважно од се беше тоа што преку една интересна вежба беа разработени проблемите и пречките на кои секој младинец наишол во текот на првата половина од циклусот, што сметаме дека ќе биде од големо значење во однос на нивната мотивација за работа.