април 7, 2023

ПХВ ЗАЕДНИЧКИ СОСТАНОК

Минатата недела на 30 март во Црвен крст Охрид се одржа вториот заеднички состанок на младинците од циклусот ЦКА – ПХВ за 2023 година.
 
На истиот младинците го презентираа она што го сработиле до тој момент, нивните цели и очекувања, и направија краток извештај за нивниот проект.
 
Освен тоа по напорната работа на терен и состаноците имаа можност да се опуштат преку најразлични игри и вежби кои ги спремија дисеминаторот, помошник дисеминаторот и мини – менторите. Тие добија и насоки за работа за следната недела.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад