октомври 7, 2023
ПХВ ТРИБИНА
Секоја година во период од 21 до 27 септември се одбележува ПХВ неделата со цел промоција на хумани вредности, толеранција, почит, соживот и ненасилство.
Оваа година во чест на ПХВ неделата на ден 27.9.2023 во ООУ “Григор Прличев” беше организирана трибина за насилство на која што подетално се зборуваше за булингот, видливото или скриено насилство во училиштата, а беше ставен акцент и на начините на кои што може да се спречи и превенира истото.
Трибината ја водеше психологот Анастасија Настеска од ООУ “Григор Прличев”, а на истата присуствуваа околу 50 ученици, ПХВ младинци, родители и професори.
Исто така на трибината беше направена и промоција на овогодинешните ПХВ проекти пред присутните, а секретарот на Црвен крст Охрид, Мимоза Ставрева им ги додели благодарниците на ПХВ младинците, мини менторите и дисеминаторот, Ана Марија Петковска која ги поздрави младинците со нејзиниот говор.
Ги мотивираме сите млади луѓе од 14 до 17 години да се вклучат во наредниот ПХВ циклус и да направат мала, но значајна промена во нашето општество.