септември 22, 2018

ПХВ Шоу

На 21.09.2018 г. во амфитеатарот на Факултетот за туризам и угостителство се одржа настанот ПРИКАЗНА ЗА ХЕРОИТЕ ВО МОЈОТ ГРАД кој го реализираа младинците на Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид, учесници на овогодинешниот циклус на програмата Промоција на хумани вредности-Црвен крст во акција (ПХВ-ЦКА).  Беше промовиран финалниот производ од овогодинешниот циклус на програмата (ПХВ-ЦКА), а  беа претставени и 6-те проекти кои ги изработија 47 младинци како дел од  оваа програма преку кои дирекно помогнаа 50 луѓе, обезбедувајќи апарати за домаќинство, средства за лекување, екскурзија, а се изработи и еколошко градско катче. Посебен сјај на ова ПХВ ШОУ дадоа дел од охридските херои, нашите познати сограѓани, успешни и докажани во својата област на делување Марко Пејчиноски, Владимир Четкар, Јован Цветкоски, Гордана Лолеска и Иван Цветкоски, кои пред присутните ги истакнаа своите успешни приказни и одржаа мотивациски говори

 Овој настан беше можност да се доделат благодарници на бројни поединци, фирми, институции кои ја помогнаа реализацијата на проектите

< врати се назад