ПХВ РЕЗУЛТАТИ
Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности (ЦКА – ПХВ) е програма за млади којашто се спроведува на национално ниво секоја година. Учесниците во програмата реализираат мали проекти од корист за нивната заедница.
Оваа година Црвен крст Охрид активно се вклучи во програмата со околу 30 младинци кои во два месеци изработија 5 проекти и тоа:
социјални;
еколошки.
На крајот на целиот циклус младинците, со помош од мини-менторите и дисеминаторите, ги документираа нивните проекти и тие документации се пратија да се оценуваат.
На 9ти јуни во просториите на Црвен крст Охрид се одржа состанок на кој беа презентирани сите проекти и нивните оценки. Најголемата оценка СОНЦЕ ја добија три проекти и тоа:
КАЛЕИДОСКОП – интеркултурен проект
БЛЕСОК – социјален проект
ВТОРА ШАНСА – социјален проект
Другите два проекти исто така се оценети со највисоката фаза 5:
БИСЕР – еколошки проект, 5+
ЕКО-ЛУЦИЈА – еколошки проект, 5++
Благодарение на одличните резултати, Црвен крст Охрид освои ВТОРО МЕСТО на национално ниво во ЦКА-ПХВ програмата во 2024 година.
Честитки за вредните младинци кои во два месеци успеаа да направат големи промени во нашиот град.