април 7, 2023

ПХВ ПРОЕКТИ

Во склоп на ЦКА – ПХВ циклусот оваа година една од формираните групи се одлучи да работина еколошки проект со цел едукација на најмладите за подобра животна средина.
По спроведенето истражување и посетата на детската градинка „Развигорче” младинците одлучија дека би можеле да го разубават паркот од градинката и да работат со децата од оваа градинка.
Минатата недела ја организираа нивната прва работилница со децата од градинката на тема „Зачувување на животната средина и нашето здравје ”, на која што :
Им одржаа кратка дисеминација така што еден од волонтерите кој учествува во овој проект “беше” Анри Динан кој ја раскажува својата приказна.
Им објаснаа колку е важна екологијата, животната средина и како да се грижат за нашата планета.
За крај им доделија листови на кои ги цртаа желбите за тоа како би сакале да изгледа дворот на нивната градинка, со што нивните желби ќе бидат инспирација за нивната работа.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад