мај 2, 2023

ПХВ ПРОЕКТИ – ИНТЕРКУЛТУРНА ВЕЧЕР

Во склоп на овогодинешниот ПХВ циклус една од групите која работи на интеркултурен проект на 02.05.2023 организира Интеркултурна вечер во ОУ. Св Климент Охридски – Охрид.
Настанот е исполнет со голема програма, каде ќе имате можност да се запознаете со различните култури преку: играње ора, пеење во хор и претстава.
Истотака ќе се одржи промоција на интеркултурниот зборник ” Ѕвездички на културата” составен од песни, гатанки и поговорки на трите јазици на кој работеше групата.
ПХВ (Промоција на хумани вредности) е национална програма што се спроведува повеќе од 20 години и за цел има подигање на свеста, помагање на социјално ранливи категории во околината, намалување на дискриминацијата и одржување на екологијата, односно да дејствува во соте сфери во општеството.
 
Ве покануваме и очекуваме во што поголем број.
 
May be an image of text
 
 
 
 
< врати се назад