април 13, 2023

ПХВ ПРОЕКТИ

ПХВ групата која работи со деца од претшколска возраст минатиот петок ја одржа нивната втора работилница во градинката “Развигорче” во Охрид.
 
На оваа работилница ги реализираа следните активности :
-Ги потсетија дечињата на она што го научија на минатата рабитилница преку интересни прашања – добија позитивен повратен одговор, дечињата се сеќаваа на се што научиле .
-Гледаа краток еколошки филм од кој дечињата потоа извлекоа поуки за тоа како да се однесуваат примерно во природата и што да направат ако видат некој да фрла отпад надвор од кантата.
Децата успешно беа дел од играта “Селектирај го отпадот” каде секој од нив избра по еден предмет од “загадената средина “кој претставуваше “отпад” и го распоредија во една од три кутии со соодветен тип на отпад (пластика,хартија, друг отпад) .
Им прикажаа дека може да се направи уметност и од секојдневни работи кои ги имаме наместо да се троши хартија – преку боење на шишарки кои подоцна ќе ги искористат како украси во градината која ја уредуваат.
Младинците имаат одлична соработка со дечињата кои со нетрпение ја очекуваат наредната ранотилница како и нив, на која исто така преку интересни игри пополека ќе ја изградат својата еколошка свест уште од мали нозе и ќе пораснат во еколошки свесни граѓани.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад