март 18, 2024
ПХВ ПРОЕКТИ
Групата од Црвен крст Охрид која што работи на социјален проект успешно ја организираше првата активност претходниот викенд.
По нивната иницијатива за прва активност, групата си дозволи нивната креативна страна да дојде на површина и почна да изработува уникатни белегзии од еластичен конец и прстени.
На ден 16.3.2024 ги продаваа истите низ локалните кафичи и ресторани во Охрид, а исто така на случајни минувачи, со цел да помогнат на лице со оштетен вид кое живее во лоши услови.
Охрид ја покажа својата хумана страна, а младинците се мотивирани за следните активности.