мај 19, 2023

ПХВ ПРОЕКТИ

Мултикултурен мозаик од различни активности се случуваше во салата на основното училиште “Св. Климент Охридски” како дел од овогодинешниот интеркултурен проект при ЦКА – ПХВ програмата.
 
На истиот децата кои учествуваа на работилниците кои ги организираа младинците се претставија со ората од националностите од кои е составена групата, се изведе краток скеч со кој се промовираше соживотот меѓу културите, мултиетничкиот хор од минатогодишниот проект се претстави повторно со неколку песни, се читаа извадоци од мултикултурниот зборник – дело на младинците, и дополнително се реализираа уште неколку музички точки, меѓу кои и песната за ПХВ од Црвен крст Охрид – “Сплотени”.
 
Со овој настан младинците сакаа да ја презентираат својата работа пред јавноста, но и да ја покренат свесноста за живеењето во едно мултикултурно општество како нашиот град, и да ја зголемат организацијата на интеркултурните активности за нашите граѓани.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
May be an image of 8 people and hospital
May be an image of 2 people
May be an image of 3 people and wedding
May be an image of 9 people
 
 
 
< врати се назад