ПХВ Проект – ВТОРА ШАНСА –
ЦКА – ПХВ проект чија цел беше да се реновира простор во мултимедијално – едукатовна училница во КПУ Затвор Охрид каде маргинализираната група на штитеници ќе може да се дружи, социјализира и чувствува безбедно.
Групата младинци за успешно да си ја достигне целта за време на циклусот организираше број интересни акции за да ги соберат потребните финансиски средства:
Хуманитарен базар со рачни изработки во соработка со клубот – “Најди време”
“СВЕЖ СОК ЗА СВЕЖИ ЛУЃЕ” – продажба на свежи цеден сок од портокал во соработка со Shilla – Coffee & Bar)
Учество на Stand Up Show од Никола Тодороски
Хуманитарен кошаркарски турнир меѓу три средношколски екипи
Вредната работа им се исплати на овие храбри младинци кои одлучија да работат на проект со корисници на кои не се давало толку многу внимание во нашите заедници до сега. Затоа, со паричните средства тие уредија една од просториите во установата и ја поделија на 3 зони:
1. Влез
2. Училница
3. Соба за релаксација (chill зона)
Дополнително, групата воочи голема потреба за едукација и социјализација на маргинализираните лица и затоа за време на циклусот им оддржаа:
Дисеминација за Црвениот крст
Работилници за БОН – ТОН, описменување и хигиенизација
Презентација за основи на прва помош
Сесии со психолог од ООЦК Охрид
Врснички едукации за превенција од СПИ и болести од зависности
Средба за цртање и боење на 3 платна
Групата СОНЦИЊА се состои од:
Иво Георгиески – лидер
Анастасија Атесленко
Сара Бошевска
Калина Паунче
Сара Трајкоска
Мартин Божиноски
Борче Исакоски – ментор
“ВТОРА ШАНСА” ја доби највисоката оценка СОНЦЕ и беше огромен придонес за тоа ООЦК Охрид да го освои ВТОРОТО МЕСТО на ЦКА – ПХВ програмата во 2024 година.