јуни 18, 2024

ПХВ Проект – КАЛЕИДОСКОП

ЦКА – ПХВ проект чија цел беше деца на возраст од 12 и 13 години да се запознаат со различните култури во Македонија со кои сме опкружени секојдневно. Исто така да се поткерене свеста за значајноста на прифаќањето на другите култури и како не треба луѓето да се делат според нив.

Групата младинци за успешно да си ја достигне целта за време на циклусот организираше број интересни активности за децата од ООУ „Братство Единство”:

4 едукативни работилници за најразлични јазици и култури📃

Игри без граници

Интеркултурен treasure hunt

Целодневен камп во с. Велестово

Правење традиционални јадења во просториите на Црвен крст Охрид

Изработка и закопување на временска капсула

Изработка на хамери и завршен настан(рецитал, игри и важни дискусии за негување на културите)

Групата ОЧИЊА се состои од:

Исидора Маркоска – лидер

Ангелина Бошкоска

Софија Митреска

Теона Талевска

Дариан Морисеау

Ивона Тасеска – ментор

Групата го изгради нивниот КАЛЕИДОСКОП, дел по дел, стакленце по стакленце и ја доби највисоката оценка СОНЦЕ и беше огромен придонес за тоа ООЦК Охрид да го освои ВТОРОТО МЕСТО на ЦКА – ПХВ програмата во 2024 година.

#ЦКмлади

#phv2024

0:04 / 0:30

< врати се назад