јуни 19, 2024

ПХВ Проект – БЛЕСОК

ЦКА – ПХВ проект чија цел беше да се обезбедат доволно финансиски средства за реновирање и реконструкција на прозорите и дел од станот на социјално загрозено лице од Охрид преку организирање и реализирање разновидни хуманитарни акции. Покрај ова дел од целта беше да му се овозможат и здравствени прегледи како и интеграција во општеството (вработување).

Групата младинци за успешно да си ја достигне целта за време на циклусот организираше број интересни акции за да ги соберат потребните финансиски средства:

Продажба на рачно изработени белегзии и прстени

Продавање на донирани половни книги

Продавање мафини

Хуманитарна забава под маски

Филмски маратон и продавање пуканки

Хуманитарна свирка

За време на циклусот групата младинци воочи дека е потребна помош и на спротивната страна од материјалната, па затоа тие на лицето му овозможија:

Систематски преглед во ЈЗУ Општа болница Охрид (крвна анализа, психолошки тест, психијатриски преглед, аудиометриски преглед, ЕКГ)

Очен преглед во ЈЗУ Општа болница Охрид кај д-р Целакоска

3 стоматолошки прегледи (поправка на 3 заба + чистење забен камен)

Индивидуално кариерно советување со кариерен советник Марија Коваческа

Третман во фризерски салон (средување на коса и брада)

Обезбедување на обувки

2 психијатриски сесии со психијатар

Кариерното советување со ксриерниот советник се покажа многу корисни бидејќи потоа лицето беше вработено согласно неговите желби и способности.

Групата ТЕЛЕТАБИСИ се состои од:

Сара Петкоска – лидер

Филип Ѓорески

Анастасија Треноска

Давид Бујароски

Калина Стојаноска – ментор

Ана Мојсоска – ментор

Младинците успеаа да донесат огромен БЛЕСОК во новиот дом и животот на лицето, па затоа и овој проект ја доби највисоката оценка СОНЦЕ и беше огромен придонес за тоа ООЦК Охрид да го освои ВТОРОТО МЕСТО на ЦКА – ПХВ програмата во 2024 година

0:03 / 0:30

< врати се назад