септември 25, 2021
ПХВ Недела
Во рамките на програмата Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), се одбележува Неделата на промоција на хумани вредности (21 до 27 септември). Целта на неделата е промоција на култура, мир, соживот, толеранција како и поттикнување на активизам помеѓу младите луѓе, а оваа година младинците требаше да креираат друштвени игри поврзани со Црвениот крст и неговата мисија.
На ден 19.09., ПХВ младинците од Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид учествуваа на работилница во која, преку тимска работа и взаемна вложеност, креираа свои верзии на друштвени игри. Преку овие игри се нуди можност повеќе да се научи за Црвениот крст како организациона структруа.