ПХВ Недела
Во рамките на програмата Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), се одбележува Неделата на промоција на хумани вредности (21 до 27 септември). Целта на неделата е промоција на култура, мир, соживот, толеранција како и поттикнување на активизам помеѓу младите луѓе, а оваа година во период на пандемијата COVID 19, волонтерите од сите општински организации имаа задача да ја пренесат пораката со свои авторски песни и видео-записи и се промовираа песни кои се напишани, аранжирани, компонирани и снимени од страна на нашите волонтери.
Во текот на ОХВ Неделата, 32ца волонтери од Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид ја промовираа својата авторска песна и видео запис со наслов “СПЛОТЕНИ” која ја има и на нашиот Youtube канал и со која сакаме да да мотивираме се повеќе граѓани да помагаат и да го прават светот поубаво место.