ПХВ Дефиле
Во рамките на програмата Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид на ден 25.09.2019 г.организираше ПХВ дефиле за промоција на толеранција, мир и соживот.
Охриѓани сплотени под знамето на Црвениот крст и во знакот на хуманоста дефилираа низ охридските улици и плоштади, под мотото „ДЕФИЛИРАЈ, НЕ СЕ ФОЛИРАЈ“. Луѓе од сите возрасти, бројни волонтери, лица со хендикеп испратија силна порака за хуманост, заедништво, слога, еднаквост, хармонија, толеранција, љубов и меѓусебна почит и разбирање, а волонтерите на Општинска организација Охрид им помагаа на лица со попречености и посебни потреби со цел да се поткрене свеста за нивната инклузија во општеството. На платото кај „Холандскиот парк“ се одржа и кратка забавно-едукативна програма во чии рамки се поделија и благодарници за волонтерите на Општинска организација Охрид вклучени во ПХВ програмата, циклус 2019. Активностите се одвиваат во рамки на одбележувањето на Неделата на ЦКА-ПХВ-Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности