јуни 27, 2022

ПХВ ЦИКЛУС 2022

После неколкумесечната работа на четири проекти, од кои три во заедницата и еден мултикултурен, нашата ПХВ приказна ја конклудиравме со краен настан.
 
Настанот беше одржан во просториите на Општина Охрид, каде со своето присуство не почестија сите наши пријатели, без кои овие проекти би биле само една идеја, а не и успех. 
 
Финалните продукти од нашите проекти:
Среден парк во кој ќе може да уживаат граѓаните на Охрид;
Мултиетнички хор кој со години ќе ја продолжува својата традиција и ќе ги обединува сите по пат на музиката;
Среден и топол дом, како и здравствена поддршка за социјално-загрозено семејство со мало бебенце;
Подобра иднина и социјална адаптација за група дечиња кои беа запознаени со здравите навики,
и бонтон, со кои ќе се користат во текот на своите животи;
 
И оваа година, ООЦК Охрид зад себе остава 4 успешни проекти, а пред себе ги отвора вратите за уште младинци кои во иднина со својата хуманост и амбиција ќе направат голема промена.
 
Им се заблагодаруваме на сите волонтери, на стручната служба и раководството на Црвен Крст, како и на сите наши пријатели кои ни излегле во пресрет и ни овозможиле успех, но најмногу од се на дисеминаторите и менторите од овој ПХВ циклус кои неуморно работеа и беа постојана поддршка за сите ПХВ младинци.
➡️ Во продолжение можете да ги видите видеата кои младинците ги изработија за нивните проекти 🤗.
 
 
 
< врати се назад