ноември 3, 2023

Пештерска фауна во Лескоечка Пештера

Во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ се реализираа спелеолошки и биоспелеолошки истражувања на пештери во Националниот парк Галичица. Денес ви ги пренесуваме наодите за фауната во Лескоечка Пештера. 
 Пештерите претставуваат карактеристични живеалишта со оскудни услови за живот поради отсуството на светлина, често висока влажност и релативно ниска температура на водухот. Ваквите екстремни услови овозможиле опстанок на пештерски организми кои имаат специфични адаптации. Вистинските пештерски организми се обично без пигмент на телото и без очи, но имаат добро развиени органи за мирис и допир. Некои организми се потполно приспособени на пештерските услови (троглобити), други се делумно приспособени за живот во пештерите (троглофили), но има и случајни организми кои не се приспособени на пештерските услови (троглоксени).
 Научните биоспелеолошки истражувања, спроведени во четирите сезони од годината, покажаа дека Лескоечка Пештера претставува живеалиште за дванаесет видови пештерски организми. Од нив, еден вид е троглобит, шест видови се троглофили и еден вид претставува троглоксен организам. Од лилјаците, кои се троглоксени организми, евидентирани се четири видови: Голем потковичар, Мал потковичар, Медитерански потковичар и Блазиев потковичар.
Исто рака, во рамките на проектот, на влезот од Лескоечка Пештера беше поставена фото-замка. Фото-замката даде значајни и интересни резултати за живиот свет во пештерата. Во летниот период од годината, лилјаците кои живеат во пештерата се активни во периодот од 20 часот до 5:30 часот наутро. Дополнително, во пештерата е евидентирано присуство на полв и полски глушец. Погледнете неколку записи од фото-замката 👇.
 Проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ е поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, a го спроведуваат Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид и Истражувачко друштво „Урсус спелеос“ – Скопје, во соработка со Национален парк Галичица.
 
 
 
 
 
0:02 / 0:10
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
0:03 / 0:10
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад