октомври 7, 2023

ПЕРФЕКТНО РАЗЛИЧНИ

Работата со лица со попреченост отсекогаш претставувала една од најголемите и најблагородните задачи со која што се исполнувале волонтерите на Црвен крст Охрид .
Токму затоа, и еден од овогодинешните тимови на ПХВ младинци за цел си зададе зголемување на степенот на интеграција и вклученост на 23 лица со физичка и ментална попреченост кои се борат секојдневно со стегите на општеството и да го олеснат нивниот живот преку спроведени 2 работилници и 4 активности.
Со помош на многу стручни лица од нашата општинска организација и соработка со училиштата и компаниите од нашиот град, успеаа да донесат насмевки на лицата кои ја претставуваа нивната целна група.
„Перфектно различни” беше мотото кое ги водеше низ целиот проект – секоја насмевка е различна, но не помалку вредна, посебно кога нејзината појава е искрена .
Овие младинци го оправдаа нивното мото и ја докажаа нивната цел преку :
Две работилници со група дечиња од ООУ “Св. Климент Охридски” за интеграција, дисеминација, дружба преку специјално изработени игри и изработка на марами според специјална техника наменета за лица со посебни потреби,
Уредување на сензорната градина во ООУ “Григор Прличев”,
Социјален експеримент за утврдување на достапните и недостапните места за лица со физички инвалидитет,
Парада на различности и црвен тепих,
Изработка на клупа за лица со физички инвалидитет.
Без разлика на нашите физички или психички карактеристики, секогаш ќе има некој кој ќе го најде совршеното во нас. ПХВ беше една убава фаза од животот на овие младинци, но и сите нас, која не научи како да организираме, не научи на одговорност и дисциплина, на вреднување на вистинските вредности, ни даде можност за дружење, комуникација, зајакнување и стекнување на нови вештини.
Пеперутките кои го изработија проектот :
– Мила Јовановиќ
Евгенија Илиевска
Арсениј Ѓоршески
Марија Христоска
– Анастасија Василевска
– Бојана Котеска – ментор
 
 
 
 
< врати се назад