Парамедици повеќе од потребни, први пружаат помош во итни случаи
Тринаесет кандидати од организациите на Црвен крст од Охрид, Суботица, Крагуевац, Ужице и Бар се дел од меѓународна напредна обука по прва помош или обука за парамедици која се одржува во Охрид во организација на на Црвен крст Охрид во соработка со Црвен крст Зеволде од Холандија.
Обуката ја води искусен инструктор за прва помош од Холандија, Роб Судмеијер, со обука за PHTLS завршена на Јеил универзитетот во САД и со огромно искуство во организација и спроведување посебни обуки за педијатриска прва помош, прва помош при користење на алкохол и психоактивни супстанци, прва помош при повреди во спортски активности и друго., заедно со парамедик Емилија Петровска од Охрид.
Петровска има посетувано обука за парамедици во 2018 година во Охрид и истата ја продолжила уште две-три недели во Холандија со што се стекнала со сертификатот за парамедик.
Имаме за цел да ги подготвиме нашите учесници кои се од Македонија од Охрид, Србија и Црна Гора како да бидат дел од тимот на парамедици кои реагираат први на местото на настанот при итни медицински случаи. Тука се вклучени укажување на напредна медицинска помош, стабилизирање на пациентот пред транспорт до болница и тимска работа под дејство на притисок. Учесниците учат како да се справат во критични ситуации и како да ги препознаат истите користејќи специјализирана опрема како ЕКГ монитори, дефибрилатори и сл. и секако администрација на лекови и справување со трауми. За време на летниот период сум ангажирана како парамедик во тимовите на Црвен крст во рамките на обезбедување на настаните, плажите, капалиштата…, потенцира Петровска.
За учесниците на обуката истата е од големо значење бидејќи го надоградуваат знаењето кое веќе го имаат стекнато за пружање прва помош и преку практичните вежби се стекнуваат со нови искуства за делување во реални ситуации.
- Во Црвен крст во Ужице генерално немаме обука од овој тип и многу ни значи. Јас сум обучен за пружање прва помош. Оваа обука ми дава можност да го унапредам своето знаење, да работам со ЕКГ, со дефибрилатор. Во Србија немам вакви обуки затоа што ова го прават стучните доктори, вели Милош Радовановиќ, волонтер на Црвен крст Ужице.
- Ги надоградувам моите знаења по прва помош со оваа обука. Лично многу ја сакам медицината и ова обука ми беше како скалило понатаму да продолжам, бидејќи ученик сум и во средно медицинско училиште. Едноставно сакам да помагам на луѓето. Многу сум задоволна од обуката, научивме многу нови работи, Михаела Плевнароска волонтер во Црвен крст Охрид.
Секретар на ОО Црвен крст Охрид, Мимоза Ставрева вели дека ова е трета обука за парамедици која ја реализира општинската организација во соработка со Црвен Крст Зеволде од Холандија како резултат на долгогодишната соработка преку која е донирано амбулантното возило со опрема.
Несомнено требаше и ваква обука за работа со донираната опрема. Две вакви обуки беа реализирани во 2016 и 2018 година за волонтери од Црвен крст Охрид со претставници од Црвен крст Зеволде и Националниот здравствен сервис на Холандија. Оваа обука одлучивме да ја прошириме на регионално ниво како Црвен крст Охрид преку соработката со нашите партнер организациите Црвениот крст од Суботица, Крагуевац, Ужице и Бар, да ја направиме меѓународна, да ја прошириме нашата соработка, воедно и нашите знаења, вели Ставрева.
Потенцира дека искуствата кои тие ги добиваат на овој начин ги споделуваат со останатите, што воедно значи и надградба на капацитети и ресурси во трите национални друштва.
Вакви обуки не се одржуваат во регионот и веројатно треба да се поработи на промена на законската регулатива, но очекуваме дека и тоа ќе се случи кај нас бидејќи е повеќе од потребно со оглед на намалениот број на медицински кадар мислам на лекари во регионот, а тоа е тоа што нас ни е потребно обучени вакви кадри парамедици кои ќе работат во амбулантните возила на Итната медицинска помош, тоа што е првично пружена помош на местото на несреќата, додека пациентот биде транспортиран и предаден на лекарите во соодветен центар, потенцираше Ставрева.
Инаку, Црвен крст Охрид досега им обучено околу 50-тина парамедици.
Обука за парамедици во Охрид, пружање прва помош на повредно лице