јуни 30, 2026

Пајакот 𝘔𝘦𝘵𝘢 𝘮𝘦𝘯𝘢𝘳𝘥𝘪

Во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми од влијанијата на климатските промени и воспоставување одржлив систем за одговор на катастрофи во Националниот парк Галичица“ во тек се научни истражувања на пештерските екосистеми во Националниот парк Галичица. Денес ви презентираме неколку факти за пајакот 𝘔𝘦𝘵𝘢 𝘮𝘦𝘯𝘢𝘳𝘥𝘪.

Пајакот 𝘔𝘦𝘵𝘢 𝘮𝘦𝘯𝘢𝘳𝘥𝘪 е широко распространет троглофилен вид во Македонија и Европа. Најчесто може да се најде на влезните делови од пештерите, каде прави големи вертикални правилни мрежи. Големината на телото се движи од 11 до 17 мм. Се храни со најразновидни инсекти, како пеперутки, комарци, стоногалки и разни тврдокрилци, кои ги ловат со помош на мрежите. Женката полага јајца во кожурец кој виси обесен на свилен конец на ѕидовите од пештерата.

Крстова Пештера во Нaционалниот парк Галичица претставува живеалиште за овој вид пајак.

Проектот „Заштита на пештерските екосистеми од влијанијата на климатските промени и воспоставување одржлив систем за одговор на катастрофи во Националниот парк Галичица“ е поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, а го спроведуваат Црвен крст Охрид и Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ – Скопје, во соработка со Јавната установа Национален парк Галичица.

< врати се назад