октомври 3, 2023
ОТВОРЕН ДЕН ВО ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА
Традиционално, во периодот од 1 до 7 октомври, Црвен крст на Република Северна Македонија ја одбележува Неделата на младите. Во текот на оваа недела, Клубовите на млади при општинските организации на Црвениот крст ги промовираат своите активности, својот труд и работа, како и волонтирањето меѓу младите.
Во соработка со Градската библиотека, Црвен крст Охрид организираше отворен ден во НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид на 06.10.2023 (петок) кога сите млади читатели на возраст до 29 години кои тој ден ја посетија библиотеката, добија бесплатно годишно членство во библиотеката. Целта на оваа активност е поттикнување на љубовта кон книгата и читањето меѓу младите.
Црвен крст Охрид продолжува со активности за одбележување на оваа Недела како една од најзначајните календарски активности на националното друштво.