Освежителни курсеви прва помош за возачи
Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид во склоп на кампањата “Твоето незнаење, чини живот” на ден 27.09.2019 одржа два освежителни курсеви по прва помош за возачи со вработени од Противпожарна единица Охрид и со советници од Општина Охрид и на ден 30.09.2019 уште еден освежителен курс со вработени од Противпожарна единица Охрид. Курсевите ги одржаа обучени предавачи по прва помош, др.Јованка Стурлакова Коровешоска и демонстратор по прва помош Георги Ставрески.
Општинска организација Охрид со овие курсеви ја заокружи тримесечната бесплатна летна кампања за освежување на знаењата по прва помош кај постоечките возачи. Целта беше да се освежат знаењата на возачите, да се подигне јавната свест за потреба од обезбедување на прва помош во сообраќајот во случај на незгода и да се влијае кај доносителите на одлуки во државата за потребите од унапредување на квалитетот и знаењата за прва помош во секојдневното живеење, со посебен акцент на возачите.