септември 14, 2019

Освежителни курсеви прва помош за возачи

Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид во склоп на кампањата “Твоето незнаење, чини живот” на ден 13.09.2019 одржа освежителен курс по прва помош за возачи со вработени од СВР Охрид. Курсот го одржаа обучени предавачи по прва помош, др.Јованка Стурлакова Коровешоска и демонстратор по прва помош Георги Ставрески.

Општинска организација Охрид спроведува бесплатна летна кампања за освежување на знаењата по прва помош кај постоечките возачи. Целта е да се освежат знаењата на возачите, да се подигне јавната свест за потреба од обезбедување на прва помош во сообраќајот во случај на незгода и да се влијае кај доносителите на одлуки во државата за потребите од унапредување на квалитетот и знаењата за прва помош во секојдневното живеење, со посебен акцент на возачите.

< врати се назад