Освежителни курсеви прва помош за возачи
Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид во склоп на кампањата “Твоето незнаење, чини живот” на ден 29.08.2019 одржа освежителен курс по прва помош за возачи со членови од спортски клубови од Охрид. Курсот го одржаа обучени предавачи по прва помош, др.Ружица Ангелеска и демонстратор по прва помош Георги Ставрески.
Општинска организација Охрид спроведува бесплатна летна кампања за освежување на знаењата по прва помош кај постоечките возачи. Целта е да се освежат знаењата на возачите, да се подигне јавната свест за потреба од обезбедување на прва помош во сообраќајот во случај на незгода и да се влијае кај доносителите на одлуки во државата за потребите од унапредување на квалитетот и знаењата за прва помош во секојдневното живеење, со посебен акцент на возачите.