август 21, 2019

Освежителни курсеви прва помош за возачи

Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид во склоп на кампањата “Твоето незнаење, чини живот” на ден 20.08.2019 одржа освежителен курс по прва помош за возачи со наставници од основните и средните училишта во Охрид и Дебрца. Курсот го одржаа обучени предавачи по прва помош, др.Христина Ралева Павловска и демонстратор по прва помош Георги Ставрески.

Општинска организација Охрид спроведува бесплатна летна кампања за освежување на знаењата по прва помош кај постоечките возачи. Целта е да се освежат знаењата на возачите, да се подигне јавната свест за потреба од обезбедување на прва помош во сообраќајот во случај на незгода и да се влијае кај доносителите на одлуки во државата за потребите од унапредување на квалитетот и знаењата за прва помош во секојдневното живеење, со посебен акцент на возачите.

< врати се назад