јуни 4, 2024
ОРАТОРСКА ВЕЧЕР
По повод Светскиот ден и Неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина кои се одбележуваа минатиот месец, волонтерите на Клубот на млади на Црвен крст Охрид во четврток (6.6.2024) во 19:30 организираат ораторска вечер во Shilla – coffee & bar .
Дозволено е да учествуваат сите волонтери и млади кои имаат желба да напишат дело во кое што ќе ја изразат својата желба, искуство или мотивација за волонтирање.
Сите заинтересирани за учество можат да се пријават до среда со испраќање на делото со кое сакаат да се претстават на профилите на Црвен крст Охрид.