април 15, 2026

ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ПО ПРВА ПОМОШ

Несреќите се случуваат секојдневно и насекаде и насекаде, во домот, на улица, на училиште, на работно место, на игралиште, во природа и каде ли уште не. Во такви ситуации правилното укажување прва помош значи спасување човечки живот.

Во рамки на своите активности и јавни овластувања во делот на првата помош Црвен крст Охрид на 17.04.2026 г. (петок) во периодот од 8-15 ч. , под мотото „ПРВАТА ПОМОШ СПАСУВА ЖИВОТИ“ ќе го организира традиционалниот, 52-ри по ред Општински натпревар по прва помош.

На натпреварот, стекнатите знаења и техники за укажување на прва помош ќе ги покажат повеќе од 200 ученици-натпреварувачи од основните и средни училишта од Охрид и Дебрца, организирани во екипи во категорија подмладок и категорија младина.

И оваа година на општинскиот натпревар по прва помош ќе се применуваат критериуми и стандарди кои се спроведуваат при одржување на европските натпревари . Во таа насока, натпреварувачите, но и посетителите на овој настан, на повеќе пунктови низ централното подрачје на градот Охрид, вклучувајќи го Кеј Македонија, Билјанини Извори и други, ќе бидат сведоци на симулирани случки на несреќи , изведени од членовите на актерските групи на Црвен крст Охрид, како и реалистички приказ на повреди, подготвени од посебно обучени шминкери за повреди на Црвен крст Охрид.

За регуларноста и оценувањето на натпреварувачите ќе се грижат 20 судии за прва помош на Црвен крст Охрид.

За забавниот дел ќе се погрижи DJ Bagzi.

< врати се назад